Дизајн & Производство за одржливост
Кај Ultrapolymers одржливоста започнува со дизајнот. Уште од првиот ден на развој на вашиот нов производ, вашите цели за одржливост влијаат на секоја ваша одлука.
Без оглед на тоа дали сакате да ја олесните компонента, да ja дизајнирате за расклопување, да ја намалите емисијата на јаглерод диоксид при нејзиното производство или да и ја зголемите издржливоста, најдобри резултати ќе постигнете доколку истите ги обмислите уште при создавање на концептот за производот, за да може да постигнете најоптимални резултати.
Концепт & Дизајн
Постојат многу начини на гледање на држливоста на пластичните компоненти и единствените начини на кои различните клиенти и индустрии се справуваат со тоа. Единствено нешто за кое сите можеме да се согласиме е дека размислувањето за одржливоста уште во најраните фази е најдобриот начин да се изврши максимално влијание врз нејзиното влијание врз животната средина.
Во самиот почеток на проектот, важно е да ги утврдите вашите критериуми за одржливост, како ќе ја измерите одржливоста на вашиот проект и како ќе ја пренесете вашата порака до потрошувачот.
Дизајнирањето на одржливост има многу форми, вклучително и влијанието врз вашиот производ за негова поголема трајност, дизајнирање за расклопување на крајот од работниот век, минимизирање на компонентите или намалување на бројот на материјали што се користат.
Од клучно значење е да се земе предвид индустријата во која се наоѓате кога се дефинираат одржливите цели. Во некои индустрии, каде што се во игра строги регулаторни барања, вашиот опсег за избор на материјали може да биде ограничен. Во овие области, важно е да се вклучите со сите засегнати страни за да се разгледаат начини на кои можете да имате најпозитивно влијание, било да е ова потег кон решенија за мономатеријали на биоприпишани или напредни опции за рециклирање.
Симулациска анализа
Што ако би можеле да ви ги предочиме проблемите на кои може да наидете при производството на вашите производи и грижите кои може да ги имате, уште пред да започнете? Тоа е реалност со алатките за симулација како што е Moldex3D. Нашиот искусен тим за симулација може да работи со вас за да го симулира вашиот процес врз основа на вашиот најнов дизајн, материјал по избор и способностите на вашата машина. Нашиот тим може да ви посочи како можеме да ги ублажиме потенцијалните функционални проблеми или како суптилните измени во дизајнот би можеле значително да го подобрат производниот процес, со што ќе се намали не само времтраењето на циклусот, туку и потенцијалните проблеми со квалитетот.
Овие симулации можат да се изведат како со стандардните полимери, така и со рециклираните полимери. Екстраполирајќи го ова пошироко во алатките на FEA, можеме да ви споделиме увид во тоа како би можеле да излеземе во пресрет на механичките барања на компонентите.
Инвестицијата на Ултраполимерс во овие алатки го поткрепува нашето верување во важноста на соработката помеѓу сите засегнати страни во проектот, за постигнување на оптимални резултати. Со нашата богата понуда на материјали како со и искуството со симулација, можеме да соработуваме со дизајнери, производители на алатки, преработувачи и крајни корисници, за да им понудиме вреден увид во нивната работа. Тимот на Ултраполумерс може да ја зголеми вашата верба во тоа дека вашиот дел ќе функционира беспрекорно во вашата машина и ќе биде соодветно решение за вашите проблеми.
Алатки & Испитувања
Одржливоста не се однесува само на материјалот и самиот дизајн. Изборот на најефикасен производствен процес е значаен начин да се намали влијанието врз животната средина при производството на компоненти. Преку нашиот искусен тим за техничка поддршка, Ултраполимерс се во можност да ги поддржат нашите клучни клиенти во изнаоѓање на најоптимални процесни поставки за нивните производи, за да го минимизираат времетраењето на циклусот, температурите и другите фактори кои влијаат на вложената енергија во процесот на обработка.
Користејќи ги нашите алатки за симулација и нашиот искусен тим, можеме да работиме со вас за да го оптимизираме вашиот процес за да го направиме вашиот производ поодржлив и поекономичен.
Со искусен тим за продажба и пан-европска техничка услуга, можеме да понудиме виртуелен или увид на лице место, без разлика каде и да се наоѓате.
Без разлика на поддршката што ви треба, Ултраполимерс се тука да ви помогнат, само #AskUltra.
Производство
Постојат многу начини да се анализира одржливоста на производството. Ова може да вклучува понатамошно оптимизирање на процесот со цел минимизирање на употребата на енергија и времетраењето на циклусот, намалување на производството на отпад или рационализирање на производството преку навремени испораки. Сето тоа може да има позитивно влијание врз одржливоста на производството.
Овие поволности не само што нудат одржливи и еколошки придобивки, туку и ја зголемуваат профитабилноста што е секако предност. Рационализирањето на снабдувањето им овозможува на нашите клиенти да работат со пониско ниво на залихи, намалувајќи го ризикот од „старите залихи“, овозможувајќи при тоа целиот синџир на снабдување да биде подинамичен. Преку консолидирани испораки Ултраполимерс, можат да ја искористат нашата широка логистичка мрежа за да се осигураат дека нашите клиенти ќе го имаат материјалот што им е потребен кога ќе посакаат.
Со избирање на материјали кои ги задоволуваат вашите потреби, сега и во иднина, можеме да ви овозможиме да го рационализирате вашиот синџир на снабдување и производство во согласност со вашите напори за обезбедување на развој.
Наместо заклучок...
За да имате најголемо влијание врз одржливите атрибути на вашите производи, мора да започнете да ги развивате во фазата на дизајнирање. Како технички дистрибутер на полимери со сеопфатен опсег на одржливи решенија, зајакнати со силна техничка поддршка и искусен тим за продажба, Ultrapolymers е идеален партнер во вашата потрага по поодржлива иднина за вашите производи и производствени процеси.
За да дознаете повеќе, ве молиме контактирајте го вашиот продажен агент во Ultrapolymers или контактирајте го нашето претставништво на контактите наведени подолу.