Био-базирани полимери

Био-базираните полимери се оние кои што се произведени од суровини од обновливи извори. Овие суровини се сурови компоненти кои се добиени од одржливи и обновливи извори, наместо од традиционално користените фосилни горива. На пример, високи масла и масла за готвење кои се нуспроизводи од земјоделството и угостителската дејност.

Замената на изворите базирани на фосилни горива со обновливи суровини, ја поддржува кружната економија и резултира со добивање на полимери со значително намалено присуство на јаглерод, при тоа задржувајќи го квалитетот на првобитниот или чистиот полимер.

Одржливи решенија од природата

Суровините од обновливи извори се испраќаат во хемиските фабрики, каде што се претвораат во молекуларни составни компоненти за полимери, како што е на пр. био-нафтата.

Обновливите суровини се оние кои произлегуваат од обновливи биолошки ресурси, за разлика од традиционалните суровини добиени од фосилни горива, како што се природниот гас или суровата нафта. Примерните извори вклучуваат:

  • Скроб од пченка или шеќерна трска
  • Високо масло - нуспроизвод при производство на хартија од борови дрвја
  • Органски   отпад од прехранбената и угостителската индустрија
  • Метан гас   добиени од капацитетите за производство на компост

Обновливите и традиционалните суровини се комбинираат, како што е био-нафтата од обновливи извори со стандардната нафта, потоа се реполимеризираат за да се добие нов материјал. Овој специфичен процес на производство е познат како био-атрибуција, меѓутоа, постојат и многу други видови на био-базирани полимери.

Процентот на обновливиот материјал во процесот е внимателно следен и документиран низ синџирот на снабдување (со користење на независна акредитација како што е ISCC).

Bio-Based Polymers 13.09.24

Зошто да изберете био-базирни полимери?

Biopolymers - Carbon Footprint Advantage

Вклучувањето на обновливите суровини во производството на полимери може да помогне да се намали присуството на јаглерод во финалниот производ, во однос неговото присуство кај производот што е направен од чиста пластика.

Mass Balance

Со пристапот на „балансирана маса“ кај био- суровините, се овозможува тие да се користат во постоечките процеси на производство на полимери, со што се обезбедува врвно ниво на квалитет при употребата на овие високостандардни апликации.

Biopolymers - Compostable Advantage

Некои биополимери ја имаат таа предност што се биоразградливи или компостибилни. Оваа способност за распаѓање во природната средина може да помогне да се доставуваат хранливи материи во почвата, истовремено поддржувајќи го управувањето со отпадот и неговото одговорно отстранување.

Подвидови на био-базиран полимер

Постојат неколку варијанти на био-базирани полимери, секој од нив нуди различни одржливи придобивки:

  • Био-базирана пластика - Био-базирана пластика е направена од обновливи извори на енергија, извори на биомаса како што се скроб од пченка/ориз/компир или шеќер од шеќерна трска/шеќерна репка. Може да се користи и целулоза од дрвја/памук, како и растителни масла од семиња и др.
  • Пластика со био - атрибути - Ова е пластика направена од комбинација на биолошки со традиционални суровини. Вообичаено се користи методот на балансирана маса, за следење и сертифицирање на количината на обновлива суровина, која што се користела за производството на полимерот.
  • Биоразградлива & Компостирана пластика - Доколку дојде до распаѓање во тек на биолошката активност, материјалот може да се нарече биоразградлив. Посебна варијанта на биоразградлива пластика е компостираната пластика. Доколку има доволно кислород за микроорганизмите, целосно биоразградливите материјали не оставаат ништо зад себе, освен CO 2 , вода, минерали и некоја побавно разградлива биомаса.
Bio-Based Grid

Био-базни брендови на полимери

Откријте повеќе одржливи решенија...


Ravago
Ravago
Ravago
Ultrapolymers. All rights reserved. Member of the Ravago Group