Напредно рециклирање

Овој новоразвиен метод, познат и како хемиско рециклирање, е одличен начин да се претвори пластиката која што тешко се рециклира во повторно употреблива пластка, враќајќи го отпадот во синџирот на вредност како висококвалитетен полимер, со пониска емисија на јаглероден диоксид, во однос на неговите претходници.

Напредното рециклирање е процес кој ги разложува полимерите на нивните поединечни компоненти, познати како мономери. На пример, отпадниот полистирен повторно се претвора во стирен. Мономерната смеса произведена притоа се прочистува и повторно се полимеризира, во полимер со врвен квалитет со висока чистина.  

Заживување на отпадот

Како и кај механичкото рециклирање, процесот започнува со собирање на отпадот и транспортирање до објект за хемиско рециклирање. Отпадот се подготвува за напредно рециклирање со чистење за да се отстранат сите загадувачи, а потоа со сечкање на мали парчиња за да се направи процесот поефикасен.

Полимерниот отпад потоа се подложува на еден од неколкуте методи на третман како што се пиролиза, гасификација или деполимеризација. На овој начин полимерот се разложува на помали молекули кои потоа се рафинираат во составни компоненти за нови материјали.

Новите составни компоненти произведени со овој процес може да се користат за производство на био-горива, нови хемикалии за хемиската индустрија и полимери.

Како и кај био-базираните полимери, пристапот на „балансирана маса“ се користи за да се олесни употребата на хемиски рециклирани суровини во постоечките капацитети за производство на пластика, заедно со фосилните суровини. Ова овозможува воспоставување и унапредување на процесите на напредно рециклирање , со цел да се задоволат барањата на клиентите.

Advanced Recycling 13.09.24

Зошто да изберете решение за напредно рециклирање?

Chemical Recycling - Mixed Waste Advantage Triangle with Phone

Овој метод на рециклирање овозможува ракување со сложени материјали; рециклирање на мешана и контаминирана пластика која е тешкз за механичка обработка, која инаку би се одложила во депонија или би се согорела.

Chemical Recycling - Circularity Advantage

Бесконечен потенцијал за рециклирање. Разградувањето на пластиката до нејзините оригинални мономери го олеснува повторното рециклирање без деградација на квалитетот, при тоа нудејќи оптимална ефикасност на ресурсите за кружната економија.

Biopolymers - Carbon Footprint Advantage

Емисијата на јаглерод диоксид кај напредните рециклирани полимери е многу помала во однос на онаа кај нивните претходници. Се очекува ова со тек на времето да се подобри уште повеќе, како што процесите ќе стануваат се поефикасни.

Напредни брендови на рециклиран полимер

Нашите добавувачи направија огромни инвестиции со цел да обезбедат напредни рециклирани решенија на пазарот и тие ќе бидат комерцијално достапни многу наскоро. Во меѓувреме, доколку сакате да дознаете повеќе, ве молиме стапете во контакт со нашиот тим за да ве информираме за напредокот.

LYB
INSTY
DOMO
BASF

Откријте повеќе одржливи можности...