Механичко рециклирање

Механичкото рециклирање е физичко закрепнување на пластичен отпад од постиндустриски (PIR) и постпотрошувачки (PCR) текови за рециклирање. Пластичниот отпад најпрво се селектира, потоа се сечка на ситни парчиња - снегулки, се чисти и на крајот се екструдира назад во форма на пелети за повторно обликување.

Механички рециклираните материјали имаат големо позитивно влијание врз животната средина, со пренасочувањето на отпадот подалеку од депониите. Со огромна количина на рециклирана пластика на располагање, тимот на Ultrapolymers и нашите партнери можат да помогнат да се најдат идеалните решенија за вас.

Поттикнување на кружноста

Прво, полимерниот отпад се собира преку локалните системи за управување со отпад и се транспортира до објект за рециклирање. Дејностите за преработка на полимери честопати го испраќаат својот отпад директно во капацитетите за рециклирање.

Во постројката за рециклирање, отпадот добиен по користењето од потрошувачот, како и индустрискиот отпад се сортираат како поединечни типови на полимери, користејќи технологија како што е - блиска инфра-црвена спектроскопија (NIR) или со гравиметриски методи.

Сортираниот полимер се распарчува/меле на помали парчиња, кои потоа се мијат за да се отстранат сите нечистотии, прашина, нечистотија и траги од храна или течност. Овој процес на сортирање и миење може да се повтори, во зависност од објектот, за дополнително да се прочисти иситнетиот полимер.

Сортираната и исчистена иситнета пластична маса, потоа се пушта низ т.н. екструдер за да се врати во хомогена форма на пелети за повторно обликување.

Рециклираната пластика може да се подобри преку мешање; мешање со избрани полнила и адитиви за да се оптимизираат својствата на финалниот материјал.

Mechanical Recycling 13.09.24

Зошто да изберете механички рециклирано решение?

Biopolymers - Carbon Footprint Advantage

Механичкото рециклирање користи значително помалку енергија во споредба со производството на нова пластика. Со ова при добивањето на овој полимер се овозможува помала емисија на јаглерод диоксид и се намалува ефектот на стаклена градина.

Mechanical Recycling - Energy Efficient

Во споредба со напредното рециклирање и производство на био-базирани полимери, кај механичкото рециклирање има релативно ниска потрошувачка на енергија, што помага да се намали влијанието на финалниот производ врз животната средина.

Mechanical Recycling - Established Process Transparent

Механичкото рециклирање е добро воспоставен процес и пристапот до технологијата, во голема мера го олеснува нејзиното широко усвојување на многу локации, со цел да се обезбеди локално снабдување.

Chemical Recycling - Circularity Advantage

Механичкото рециклирање го поддржува концептот на кружна економија, при тоа намалувајќи го отпадот и воедно нашата зависност од необновливите ресурси.

PCR vs PIR Feedstocks

Во зависност од изворот, имаме два типа на механички рециклирани полимери; Пост-индустриски рециклиран (PIR) и пост-потрошувачки рециклиран (PCR).

Пост-индустриски или рециклиран пред да дојде до потрошувачот (PIR) материјалот се состои од она што е останато како вишок за време на производниот процес, како што се мали парчиња во текот на обработката и отпадоци во тек на производството.

Рециклиран по употреба од потрошувачот (PCR) материјалот се однесува на она што се фрла по употреба од страна на потрошувачите, вклучувајќи шишиња со вода, кутии и материјали за пакување.

Одлуката, кој тип на механички рециклиран полимер да се користи, претставува баланс помеѓу квалитетот, цената и влијанието врз животната средина. Обратете се до нашиот тим за да ви помогне да го направите вистинскиот избор.

Polymer Flake - Mechanical Recylcing

Mechanically Recycled Polymer Brands...

Откријте повеќе одржливи решенија...